Потребни состојки:

  • 500гр. говедска кртина;
  • 400гр. кромид;
  • 200 мл. црно пиво;
  • 200 мл. сок од домат;
  • 1 лажичка босилок;
  • 2 лажички црвен мелен пипер;
  • 6 лажици масло;
  • мешан зачин, сол и црн пипер;

Подготовка:Исечете го кромидот ситно и ставете го да се пржи во маслото додека не добие златно жолтеникава боја. Додадете малку вода и оставете го да се динста околу 10 – тина минути. Додадете 2 лажички мелен црн пипер и додадете го свежото говедско месо исечено на коцки. Додадете го црното пиво. После 5 минути додадете вода ( колку да се прелие месото) и оставете го да се крчка со повремено мешање и додавање вода. Колку подолго се готви колку е поубав гулашот. 15 минути пред крај додадете ги сите зачини и сокот од домат, сол и црн пипер по желба.

ДОБАР АПЕТИТ ВИ ПОСАКУВА МИК Св. Николе !

Ви препорачуваме

Чадена панцета

Кокошкина паштета

Joomla! is Free Software released under the GNU/GPL License.