Мелените месни состојки збогатени со посебно одбрани зачини, искуство и љубов, споени во уникатниот намаз - паштетите на МИК Св.Николе, веќе со години, од едно обично парче леб создаваат врвен и рафиниран деликатес. Препознатливиот вкус на говедската, свинската, кокошкината, пилешката и рибината паштета ја крие традиционалната рецептура на старите, добри мајстори од МИК. Гускината паштета, прва на македонскиот пазар, му дава посебна нота на истенчениот гурмански вкус.