Потребни состојки:

  • 500гр. говедска кртина;
  • 400гр. кромид;
  • 200 мл. црно пиво;
  • 200 мл. сок од домат;
  • 1 лажичка босилок;
  • 2 лажички црвен мелен пипер;
  • 6 лажици масло;
  • мешан зачин, сол и црн пипер;

Подготовка:Исечете го кромидот ситно и ставете го да се пржи во маслото додека не добие златно жолтеникава боја. Додадете малку вода и оставете го да се динста околу 10 – тина минути. Додадете 2 лажички мелен црн пипер и додадете го свежото говедско месо исечено на коцки. Додадете го црното пиво. После 5 минути додадете вода ( колку да се прелие месото) и оставете го да се крчка со повремено мешање и додавање вода. Колку подолго се готви колку е поубав гулашот. 15 минути пред крај додадете ги сите зачини и сокот од домат, сол и црн пипер по желба.

ДОБАР АПЕТИТ ВИ ПОСАКУВА МИК Св. Николе !

 

Потребни состојки:

  • 1 кг. свежи пилешки гради;
  • 500 мл. Павлака за готвење;
  • 1 лажичка сенф;
  • мешан зачин, оригано, црн пипер и копар;

Подготовка: Свежите пилешки гради иситнете ги на коцки, прелијте ги со ладна вода и ставете ги на оган. Варете 10-тина минути. Откако ќе се сварат, исцедете ги и прелијте ги со павлага за готвење и вратете ги на оган. Додадете сенф мешан зачин, оригано и црн пипер. Оставете ги на оган со повремено мешање додека не се допие потребната густина. Сервирајте порции одозгоре наросени со копар.

ДОБАР АПЕТИТ ВИ ПОСАКУВА МИК Св. Николе !

 

Сочно и вкусно благодарение на сенфот. Како едно обично парче свинско месо може да има одличен вкус со само една состојка. Ако го правите на скара, вкусот ќе биде уште подобар.Не се двоумете да го пробате ...

Потребно е:

  • 450 гр свински бут
  • 2 лажици дижон сенф
  • сол и црн пипер

Подготовка: Загрејте ја скарата или рерната за 250 целзиусови степени. Месото расечете го по должина, но не сосема, за да не направите дупка или процеп. Тоа треба да се одвои на две парчиња и да биде во еден дел.

Посолете го и запиперете го. Намачкајте го со сенф од двете страни.

Ставете го на скара да се пече по 5 минути на секоја страна или во рерна, со повремено превртување за да биде испечено рамномерно од сите страни.

Кога ќе биде испечено, оставете го 5-10 минути да се олади, пред да го сервирате.

 

Ви препорачуваме

Чадена панцета

Кокошкина паштета

Joomla! is Free Software released under the GNU/GPL License.