Потребни состојки:
Подготовка:Исечете го кромидот ситно и ставете го да се пржи во маслото додека не добие златно жолтеникава боја. Додадете малку вода и оставете го да се динста околу 10 – тина минути. Додадете 2 лажички мелен црн пипер и додадете го свежото говедско месо исечено на коцки. Додадете го црното пиво. После 5 минути додадете вода ( колку да се прелие месото) и оставете го да се крчка со повремено мешање и додавање вода. Колку подолго се готви колку е поубав гулашот. 15 минути пред крај додадете ги сите зачини и сокот од домат, сол и црн пипер по желба.
ДОБАР АПЕТИТ ВИ ПОСАКУВА МИК Св. Николе !