Соработката Помеѓу Науката и Индустријата Како Двигател на Иновациите во Прехранбената Индустрија

На Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип се одржа јавната одбрана на магистерскиот труд на кандидатката Надица Бајрактарова, под наслов „Развој на нови диететски производи од месо наменети за деца“.

Овој значаен научно-истражувачки труд претставува успешен пример за соработка помеѓу науката и индустријата, со заедничка цел – развој на поквалитетни, побезбедни и нутритивно подобрени производи за најмладите потрошувачи.

Комисијата за оцена и одбрана беше составена од проф. д-р Фиданка Илиева како претседател, проф. д-р Ацо Кузелов како ментор и проф. д-р Димитар Наков како член, сите редовни професори на Земјоделскиот факултет. Со успешната одбрана на трудот, кандидатката Надица Бајрактарова се стекна со звањето магистер по земјоделски науки – Безбедност на храна.

Целта на истражувањето беше развој и евалуација на нови диететски производи од месо наменети за исхрана на деца, со подобрен нутритивен состав и функционални карактеристики. Во рамките на истражувањето беа развиени диететски колбаси и паштети, кои беа подложени на хемиски, функционални, микробиолошки, сензорни и статистички анализи. Резултатите покажаа дека развиените производи претставуваат безбедна и нутритивно подобрена алтернатива, со потенцијал за примена во детската исхрана. МИК Свети Николе активно ја поддржа реализацијата на ова истражување, ставајќи на располагање практично знаење, долгогодишно искуство и стручна поддршка од областа на месната индустрија. Ваквата соработка претставува уште една потврда за нашата посветеност кон поврзување на научните истражувања со реалните потреби на индустријата и создавање производи базирани на современи научни сознанија.

Leave A Comment

За Полисата

Оваа интернет страница користи колачиња (cookies) за да ви овозможи најдобро можно корисничко искуство. Информациите од колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање при вашето повторно посетување на нашата интернет страница и помагање на нашиот тим да разбере кои делови од страницата ви се најинтересни и најкорисни.