Дистрибуција
- Почетна
- Дистрибуција
Нашата дистрибутивна мрежа претставува клучен сегмент во доставувањето на безбедни и квалитетни месни производи до нашите партнери и крајните потрошувачи.
Користејќи современи складишни капацитети и специјализиран транспорт, овозможуваме континуиран синџир на навремена испорака за сите производи на национално и регионално ниво.
Нашите складишта поседуваат:
- Систем за контрола на температурни режими
- Комори за чување на сите типови месо и месни производи
- Систем за следење и управување со залихи
- Усогласеност со стандардите HACCP и ISO
- 24/7 безбедносен надзор и контрола на пристап
Со овие услови овозможуваме максимален квалитет и безбедност на производите.
Специјализиран транспорт
Располагаме со сопствени возила специјализирани за транспорт на месо и месни производи кои овозможуваат:
- Одржување на ладен транспорт од склад до крајна дестинација
- Највисоки хигиенски стандарди и редовна санитарна дезинфекција
- GPS систем за следење и оптимизација на рутите
- Навремена и сигурна испорака без компромис за квалитетот
- Обучен и сертифициран персонал за ракување со прехранбени производи
- Флексибилен товарен капацитет за различни типови и количини производи
- Усогласеност со HACCP и ISO стандардите
Во МИК секој чекор ор транспортот е внимателно планиран, со што се гарантира безбедна достава на сите типови производи директно до вашата врата.
Редовна и сигурна испорака
Со одлично организирана логистика и оптимизирани рути, обезбедуваме:
- Навремена достава
- Флексибилност според потребите на клиентите
- Континуитет во снабдувањето
- Брза реакција и поддршка во случај на итни нарачки