Основана во 1960 година, месната индустрија МИК Свети Николе е најголемата и со најдолга традиција месна индустрија во Република Северна Македонија. Повеќе од шест децении компанијата гради силна репутација базирана на квалитет и континуирана иновација во производството и преработката на месо и месни производи.

Мисија

Нашата мисија како општествено одговорна компанија претставува целосна посветеност на производство на безбедни и висококвалитетни месни производи, кои ги задоволуваат очекувањата на нашите потрошувачи.

Визија

Да бидеме водечка и најдоверлива месна индустрија во земјава и регионот, препознатлива по квалитет, иновации и професионален однос кон потрошувачите, партнерите и заедницата.

Наши главни вредности

Квалитет

Без компромис во секој производ

Иновација

Современи методи и постојан развој

Безбедност

Строги стандарди и целосна контрола

Традиција

Рецепти создадени од 1960 година

Технологија

Во МИК користиме современа технологија во сите фази на производството, применувајќи иновативни методи кои обезбедуваат конзистентен квалитет, високо ниво на безбедност и претпознатлив вкус.

Тим и стандарди

Во секоја фаза од работењето се применуваат највисоките светски стандарди, а за примена на истите, се грижи тим од високо квалификувани професионалци, кој ги поседуваат сите потребни сертификати, како и долгогодишно работно искуство во овој тип на индустрија.

Награди и признанија

Во текот на нашето работење имаме добиено многу награди и признанија како на локално така и на меѓународно ниво. Една од нив е и наградата за Златна звезда за квалитет (World Quality Commitment-Golden Star) добиена во Париз 2003.
За Полисата

Оваа интернет страница користи колачиња (cookies) за да ви овозможи најдобро можно корисничко искуство. Информациите од колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање при вашето повторно посетување на нашата интернет страница и помагање на нашиот тим да разбере кои делови од страницата ви се најинтересни и најкорисни.