Отворање на Нов Теди Пром Маркет во Кавадарци
На 5 декември 2025 година, МИК Свети Николе учествуваше на свеченото отворање на новиот маркет на ланецот Теди Пром во Кавадарци.

На овој настан присуствуваа и многу други компании од прехранбената индустрија, партнери и соработници, кои имаа можност да бидат дел од проширувањето на овој малопродажен ланец на маркети.
МИК Свети Николе за овој настан припреми кетеринг, составен од внимателно одбрани производи од сопствениот асортиман. Со ова присутните гости имаа можност да уживаат во квалитетните месни деликатеси припремени за овој настан од страна на тимот на МИК.

Во новоотворениот маркет во Кавадарци, потрошувачите имаат можност да ги пронајдат и производите на МИК Свети Николе, кои се дел од широкиот асортиман на производи во овој продажен објект.
Со ова, производите на МИК стануваат подостапни за купувачите во овој регион, обезбедувајќи им голем избор производи со препознатлив вкус. Оваа соработка претставува уште еден чекор во проширувањето на нашето присуство на пазарот.
Ваквите инвестиции се од големо значење како за подобрување на понудата така и за раст на економскиот развој во регионот и претставуваат позитивен пример за раст и напредок во прехранбената индустрија.
МИК Свети Николе ќе продолжи активно да учествува и да поддржува вакви настани, градејќи долгорочни партнерства и придонесувајќи кон унапредување на индустријата.



Leave A Comment