Отворање на “MEGA Shopping Park” во Гевгелија
Тимот на МИК Свети Николе присуствуваше на свеченото отворање на Mega Shopping Park во Гевгелија – современ трговски комплекс кој претставува значајна инвестиција и ново место за шопинг и забава на граѓаните од регионот.

Отворањето на Mega Shopping Park привлече голем број локални и регионални посетители, деловни партнери и претставници на компании, кои имаа можност да се запознаат со богатата понуда комплексот.
Во рамки на производите и брендовите кои ги нуди овој трговски комплекс, производите на МИК Свети Николе се дел од понудата на Тинекс маркет, кој исто така е составен дел од Mega Shopping Park. Со ова, посетителите на овој комплекс имаат можност да ги најдат нашите производи и на оваа локација.

Присуството на нашите производи во продажните објекти на Тинекс претставува уште една потврда за долгогодишната доверба што ја градиме со нашите партнери и потрошувачи.
Веруваме дека достапноста на квалитетни домашни производи е важен сегмент во развојот на современата малопродажба и во создавањето позитивно искуство за купувачите.
МИК Свети Николе ќе продолжи активно да ги поддржува иницијативите и проектите кои придонесуваат за развој на локалните заедници, како и со ширење на својата продажна мрежа и пласманот на своите производи.
Точната локација на комплксот можете да ја најдете со кликање на мапата подоле 👇



Leave A Comment