93ти Интернационален Саем за Агрикултура – Нови Сад, Србија
Во рамки на својата посветеност кон континуиран развој, следење на современите трендови и зајакнување на регионалната соработка, тимот на МИК Свети Николе во периодот од 16-21 Мај 2026 учествуваше на Саемот за агрикултура во Нови Сад, Србија – еден од најзначајните и најпосетени настани од областа на земјоделството и прехранбената индустрија во регионот.

Саемот традиционално обединува голем број компании, производители, дистрибутери, експерти и претставници од различни сектори поврзани со агроиндустријата, создавајќи простор за размена на искуства, презентација на нови производи и воспоставување нови деловни контакти.
Овој настан е од особено значење за следење на актуелните трендови, современите технологии и иновативните решенија кои придонесуваат за унапредување на производствените процеси и развојот на индустријата.
Претставниците на МИК Свети Николе имаа можност да остварат бројни средби со постоечки клиенти и партнери, како и со нови компании и професионалци од земјата и регионот.

Во текот на саемот беа разменети искуства и идеи поврзани со современите практики во прехранбената индустрија, квалитетот на производството, безбедноста на храната и идните можности за соработка.
За МИК Свети Николе, учеството на вакви меѓународни настани претставува значаен сегмент од стратегијата за континуирано унапредување и развој на компанијата. Присуството на регионални и меѓународни саеми овозможува подобро следење на пазарните движења, воспоставување нови партнерства и јакнење на соработката со релевантни компании и институции.

Како компанија со долгогодишна традиција и препознатлив квалитет, МИК Свети Николе останува посветен на инвестирање во развој, иновации и следење на современите светски стандарди. Веруваме дека ваквите настани се од особено значење за размена на знаења, создавање нови можности и унапредување на целокупниот прехранбен сектор.



Leave A Comment