Петто Меѓународно Научно-Стручно Советување „Агронаука и Пракса 2026“
Во духот на соработката помеѓу науката и индустријата, МИК Свети Николе беше дел од Петтото меѓународно научно-стручно советување „Агронаука и пракса 2026“, кој се одржа во Штип во организација на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Овој значаен меѓународен настан претставуваше платформа за размена на знаења, искуства и современи практики во областа на земјоделството, прехранбената индустрија и одржливиот развој.
Овој настан, одржан на 16 април 2026 година, обедини голем број учесници, претставници од домашни и странски компании, академски институции, истражувачи, професори и експерти од различни области поврзани со агроиндустријата.

Во текот на настанот беа презентирани нови научни достигнувања, современи технологии, иновативни производствени процеси и практични решенија за унапредување на земјоделското производство и прехранбениот сектор.
Како компанија која континуирано инвестира во квалитет, развој и следење на современите трендови, МИК Свети Николе со задоволство беше дел од ова значајно советување. Нашите претставници имаа можност да остварат бројни контакти, да разменат искуства со други компании и институции, како и да дискутираат за актуелните предизвици и можности за развој на индустријата.
Посебна чест за МИК Свети Николе беше доделеното Признание од Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, како знак на благодарност за учеството и придонесот на настанот „Агронаука и пракса 2026“.

Ова признание претставува потврда за нашата посветеност кон соработка со академската заедница, поддршка на научните иницијативи и континуирано вложување во развојот на прехранбениот сектор.
Учество на вакви меѓународни настани е од особено значење за компанијата, бидејќи овозможува следење на најновите трендови, воспоставување нови партнерства и размена на идеи со релевантни чинители од земјата и странство.
МИК Свети Николе останува посветен на иновации, квалитет и соработка со образовните и научните институции, со цел заеднички придонес кон развојот на македонската индустрија и земјоделството.
Благодарни сме за укажаната чест и ќе продолжиме активно да поддржуваме иницијативи што создаваат вредност за целото општество.



Leave A Comment