Ден На Кариера Во Пробиштип

По повод Ден на кариера, МИК Свети Николе зема активно учество на настанот организиран од СОУ „Наум Наумовски-Борче“ во Пробиштип.

Оваа значајна иницијатива беше посветена на поврзување на учениците со бизнис секторот и нивно запознавање со можностите за професионален развој, вработување и градење успешна кариера.

Настанот се одржа на 03 април 2026 година и собра претставници од различни компании и индустрии, кои преку презентации и директни разговори со учениците ги претставија своите компании, достапните работни позиции и барањата на современиот пазар на труд.

МИК Свети Николе со задоволство беше дел од оваа иницијатива, претставувајќи ја компанијата, нејзините вредности, производствените процеси и можностите за професионален ангажман и кариерен развој.

Во знак на благодарност и признание за учеството, СОУ „Наум Наумовски-Борче“ на МИК Свети Николе ѝ додели Благодарница за поддршката и придонесот кон успешната реализација на настанот Ден на кариера. Ова признание претставува потврда за нашата посветеност кон поддршка на младите генерации и нивниот професионален развој.

МИК Свети Николе останува посветен партнер на образовните институции и ќе продолжи активно да учествува во иницијативи кои создаваат мост помеѓу образованието и бизнис секторот. Веруваме дека вложувањето во младите значи вложување во иднината и во развојот на целото општество.

Leave A Comment

За Полисата

Оваа интернет страница користи колачиња (cookies) за да ви овозможи најдобро можно корисничко искуство. Информациите од колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање при вашето повторно посетување на нашата интернет страница и помагање на нашиот тим да разбере кои делови од страницата ви се најинтересни и најкорисни.